Мојсов: Оваа екипа може многу, ова за мене е деби од соништата

Публиката во Битола имаше можност да се израдува на победа на крајот од дебитантската сезона на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите. Драмата во „Боро Чурлевски“ конечно им припадна на домашните ракометари, кои со погодокот на Владислав Остроушко го запишаа третиот сезонски успех.

Замената за Стевче Алушовски, Божидар Мојсов, на прес-конференцијата рече:

„За мене ова е деби од соништата. Најпосакувано за еден тренер е да започне со победа. Би сакал да им се заблагодарам на моите играчи. Имавме тешка недела, многу проблеми и повредени играчи. Кукоски беше на 80%, но го даде максимумот.

Верувам дека оваа екипа може многу, со оглед на тоа што беше создадена за натпревари во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Се надевам дека набрзо ќе излеземе на прав пат“.

„Фармацевтите“ го напуштија дното од табелата во групата Ц, во пресрет на дуелот на Татран Прешов против Кокс.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6