Мојсов: Жал ми е што повторно загубивме на овој начин...

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник ја продолжи црната серија на натпреварите во СЕХА лигата и загуби на домашен терен против ППД Загреб.

Божидар Мојсов, предводникот на „фармацевтите“, беше разочаран од начинот на кој што неговата екипа продолжи да реди негативни резултати.

„Првиот дел го одигравме на неочекувано лошо ниво. Кажав дека противникот е млад и компактен, па очекувавме дека нема лесно да стигнеме до бодови. Публиката беше одлична и застана зад нас.

Жал ми е што повторно загубивме на ваков начин, со еден гол разлика. Но, нема да застанеме тука и ќе продолжиме со развивање на овој проект и понатаму“, рече домашниот стратег.

За нешто повеќе од една недела, битолчани ќе патуваат за Унгарија и ќе му гостуваат на големиот Веспрем.