Мојсоски: Притисокот ќе биде на страната на Пролет, Бутел е подготвен за дербито

Ракометарите на Бутел Скопје се во позитивна серија во домашниот шампионат и утре истата може да ја продлжат против еден до директните ривлаи за пласман во плеј-фото. 
Еден од најискусните во редовите на Бутел, десното крило Златко Мојсоски очекува дека натпреварот против Пролет ќе го решат нијанси.

„Се познаваме многу добро со екипата на Пролет. Нашите меѓусебни дуели секогаш биле неизвесни и интересни до самиот крај, се играло машки, но фер и коректно. Мислам дека ние сме подготвени, и физички и тактички за овој дуел, кој ќе пробаме да го добиеме. Притисокот ќе биде на страната на Пролет, тие играат на домашен терен, ќе решаваат нијанси. Се надевам на добар натпревар во кој ќе уживаат сите љубители на ракометот“, изјави Мојсоски.

На последните пет одиграни меѓусебни мечеви скорот е израмнет, затоа што двете екипи имаат по две победи, а нивата последна пресметна заврши нерешено.