Мојсоски и раководството си подадоа рака, искусното крило останува во Бутел

Преговорите за нов договор не траеја многу долго, па искусниот Златко Мојсоски и во следната сезона ќе го носи дресот на Бутел Скопје. Поранешниот македонски репрезентативец, по авантурата во Еурофарм Пелистер, пред две сезони се реши за враќање во Скопје и му се приклучи на амбициозниот проект на бутелци, кој даде резултат уште во првата сезона во Суперлигата. 

Минатата сезона, Бутел како новајлија обезбеди дебитантско учество на европска сцена, а еден од најзаслужните за тоа беше токму Мојсоски, кој денес си подаде рака со раководството на клубот и го продолжи договорот на уште една сезона. 

Мојсоски е вториот ракометар од сегашниот ростар кој ја продолжува соработката, претходно нов договор со клубот потпиша и црногорското крило Мирко Мајиќ. 

Вчера Ракометната федерација на Македонија потврди дека Бутел ќе ја претставува нашата земја во ЕХФ Купот во сезоната 2020/21,