ВИДЕО: Млакар измисли нов начин на одбрана против Барселона

Млакар

Барселона стигна до 13 победи во Лигата на шампионите од исто толку натпревари на гостувањето кај Целје Пивоварна Лашко.

Каталонците мораа да се помачат за да ги освојат бодовите на оваа средба. Словенечкиот тим даде солиден отпор на тимот кој игра во најдобра форма во тековната европска сезона.

Жига Млакар беше еден од подобрите поединци во домашната екипа. 30-годишникот го привлече вниманието на јавноста не само со добрата игра во напад, туку и со необичниот начин на одбрана, во директниот дуел со Арињо.

На крај Целје не успеа да ја сочува минималната предност на полувреме и го „положи оружјето“ пред големиот фаворит.