Младост се засили со двајца странци за баражот со Струга

Во пресрет на најважниот натпревар сезоната, баражот за влез во Суперлигата, екипата на Младост дополнително го засили својот тим со двајца искусни ракометари.

Во Богданци пристигнаа српскиот голман Живојин Илиќ и левиот бек Богдан Николиќ, кој во македонската јавност е познат по своите настапи во минатото за Пелистер, Бутел и Струга.

„Двајца докажани и искусни ракометари кои со своето знаење, интернационално искуство, квалитет и победнички менталитет, треба да бидат огромна поддршка во остварување на големата цел — влез во Суперлигата“, велат од редовите на Младост.

Бараж натпреварот меѓу екипите на Младост и Струга ќе се одигра во Скопје, во спортската сала „Антон Димитров“ – Бутел, в среда попладне.