Младост се засили со двајца кадетски репрезентативци

Ракометниот клуб Младост 1977 го претстави првите засилувања за новата сезона, во која ќе атакуваат по враќање во македонската елита.

Нови членови на клубот од Богданци се двата кадетски репрезентативци кои доаѓаат од ГРК Тиквеш. Станува збор за голманот Благој Панов и десниот бек Давид Иванов, кои потпишаа договори на две сезони. 

„Кадетските репрезентативци голманот Благој Панов и десниот бек Давид Иванов се нови ракометари на Младост. Од управата на нашиот тим очекуваат да се врати и Душан Каркалашев, кој беше дел од кадетската репрезентација. Тука се актуелните кадетски репрезентативци Стојанчо Наумовски, Антонио Николоски и Илија Чрчев, со што би се пополниле бековската линија.

Со овој потег нашиот им ќе има млад и амбициозен тим што ќе брка висок пласман во Првата лига“, велат од редовите на Младост.

Минатата сезона Младост 1977 не ја оствари зацртаната цел и во силната конкуренција во Првата лига не успеа да обезбеди кам-бек во Суперлигата.