• Горан Упале

Повратникот во ракометната Суперлига, Младост 1997, претстави уште едно засилување за новата сезона. Во тимот од Богданци доаѓа Славе Јанковски, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато суперлигашко искуство.
„Со огромно задоволство ви го претставуваме нашето трето засилување за новата суперлигашка сезона – Славе Јанковски од Струмица. Јанковски во својата кариера ги бранеше боите на повеќе суперлигашки екипи, а сега доаѓа во Богданци подготвен да даде сè од себе за новите успеси на нашиот клуб“, велат од редовите на Младост.
Претходно со Младост се договори Тодор Узунчев, додека нов договор потпиша Даниел Андоновски.
