Младост потпиша професионален договор со 17-годишниот Методи Младеновски

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува да им дава шанса на своите млади таленти, откако 17-годишниот Методи Младеновски го потпиша својот прв професионален договор.

Од клубот кој што се врати во елитниот ракомет во Македонија му посакаа многу здравје, успеси и убави моменти во дресот на Младост, нагласувајќи дека продолжуваат да ја градат иднината со сопствени кадри.

Левото крило е производ на младинската школа на клубот и ги мина сите возрасни категории во сино-белиот дрес. Со потписот на професионалниот договор, Младеновски доби признание за својот труд и развој, а воедно направи и голем чекор во својата кариера.