• Мартин Танасковски

По успешниот бараж натпревар и обезбедениот пласман во македонската Суперлига, раководството на РК Младост 1977 и искусниот голман Живојин Илиќ постигнаа нов договор за продолжување на соработката и е новото засилување.
Илиќ, кој се приклучи на клубот пред само еден месец, со своето искуство, сигурност и лидерски квалитети даде значаен придонес во остварувањето на големата цел – влез во елитното друштво на македонскиот ракомет.
Од Младост веруват дека неговото присуство на голот со големото меѓународно искуство (Норвешка,Чешка, Босна, Србија) ќе биде од огромно значење и во предизвиците што го очекуваат тимот во Суперлигата.
