Младост од Богданци есенски шампион во Првата ракометна лига

Некогашниот славен ракометен клуб од Богданци, Младост по реформирањето во 2009 година есенва по првиот дел од сезоната во Првата ракометна лига е есенски првак, без ниту еден пораз.

Во последното коло, Младост Богданци на домашен терен денес во спортската сала „Млаз“ славеше убедливо над Преспа од Ресен со резултат од 34-24. Доколку и пролетта продолжи со добрите и игри и резултати, Младост е на добар пат по долги години пауза да се врати повторно во Суперлигата.

Тимот од Богданци есенва на теренот го предводеше нашиот поранешен репрезентативец Мите Стоилов, кој во кариерата има настапувано за Вардар и Металург, како и за 2неколку клубови на интернационална сцена.