Младост го задржа најдобриот стрелец за настапот во Суперлигата

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а една од најважните задачи е успешно завршена. Клубот официјално потврди дека Даниел Андоновски и во следната сезона ќе го носи дресот на тимот.

Андоновски беше еден од клучните играчи на Младост 1977 во изминатата натпреварувачка сезона, а со своите настапи се промовираше во најдобар стрелец на екипата. Неговата борбеност, посветеност и константност на теренот беа меѓу главните причини раководството да ја продолжи соработката.

Од клубот истакнуваат дека задржувањето на еден од лидерите на тимот претставува важен чекор во реализацијата на амбициозниот проект за наредната сезона.