• Горан Упале

Прволигашот Младост од Богданци уште еднаш ги докажа своите високи амбиции за новата сезона, во која ќе атакува кон враќање во Суперлигата по неколку сезони пауза.
Во таа насока се движат и засилувањата на тимот од Богданци, а последното доаѓа од Бразил. Нов член на Младост е Жоао Габриел Диас Гекас, 23-годишен ракометар, кој настапува на пивотменската позиција.
Се работи за поранешен младински репрезентативец на Бразил со големо искуство во бразилската лига. Во Младост доаѓа од тимот на Сао Каетано каде беше еден од најдобрите играчи минатата сезона.
Жоао Габриел во прволигашот доаѓа по претходно неуспешниот трансфер на кружниот напаѓач Никита Соколов, кој требаше да дојде од Белорусија.
