• Горан Упале
Ракометниот прволигаш Младост 1977 во новата година ќе биде посилен на позицијата кружен напаѓач, откако во Богданци пристигна Борјан Цековски.
19-годишниот Борјан доаѓа како позајмен играч од суперлигашката екипа на Куманово и во Младост треба да остане во следните пет месеци.
„Потпишувањето на договорот со Цековски ќе биде од големо значење за нашиот сениорски тим во борбата за влез во Суперлигата. Се работи за силен корпулентен и добро технички поткован играч од кој се очекува да биде еден од предводниците во нашиот тим“, велат од редовите на Младост.
Клубот од Богданци најави уште неколку засилувања со кои ќе проба да ја оствари зацртаната цел оваа сезона, а тоа е влез во Суперлигата.