• Горан Упале

Новиот суперлигаш Младост 1977 продолжува да ја гради иднината со сопствени сили, откако клубот официјално го продолжи договорот со еден од најталентираните млади ракометари, Ѓорѓе Атанасов.
Станува збор за 18-годишното десно крило, кој од своите први ракометни чекори е дел од клубот и важи за еден од најперспективните играчи во генерацијата. Атанасов во изминатите три сезони се наметна како еден од најдобрите стрелци на тимот, потврдувајќи го својот голем потенцијал и континуиран напредок.
Со продолжувањето на соработката, Младост 1977 испраќа јасна порака дека ќе продолжи да инвестира во младите играчи и да гради конкурентен тим за следните сезони.
Од клубот му посакаа многу здравје, успешни настапи и уште многу голови во дресот на Младост 1977.
