Младост 1977 го претстави првото засилување: Узунчев пристигна во Богданци

Новиот суперлигаш Младост 1977 го официјализираше своето прво засилување за новата сезона. Станува збор за младиот и перспективен лев бек, Тодор Узунчев од Гевгелија.

Узунчев важи за еден од најталентираните играчи на својата позиција, а своето ракометно развивање го градеше во редовите на Алкалоид и Бутел Скопје, клубови познати по создавање квалитетни ракометари.

Со неговото доаѓање во Богданци, Младост добива играч кој се одликува со брзина, сила и моќен шут, но и покрај младоста веќе поседува солидно искуство зад себе.

Ова засилување е само почеток на проектот на Младост 1977, кој најавува создавање конкурентна и силна екипа за претстојната сезона.