Младите вардарци шокирани од пулените на Раде Стојановиќ

Ракометарите на Металург 2 ја потврдија добрата форма и силниот отпор против Пелистер во претходното коло и во третиот дуел од 12. коло на Суперлигата, како гости го совладаа Вардар Јуниор со 27-28 (13-14).

Во текот на сите 60 минути се играше израмнето, ниту една екипа не се одлепи и решаваа последните пет минути. При 25-25, погодија Танкоски, Шилегов и Гајиќ за победа на избраниците на Раде Стојановиќ.

Марио Танкоски со 11 гола беше најефикасен поединец на средбата, а кај победничкиот тим на Металург 2, пет гола постигна Мице Шилегов. Младите вардарци на Стојан Петрушевси најефикасни поединци имаше во Трпчевски со осум и Димов со пет гола. 

Во вторник Прилеп и Борец ќе го одиграат последниот натпревар од 12. коло на Суперлигата. 

 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4