Младите вардарци без сили за изненадување, Пролет на искуство до нова победа

По разочарувачкото реми во Битола против младиот Пелистер, ракометарите на Пролет запишаа нова победа на гостински терен, откако на отворањето на денешниот ден од седмото коло на Суперлигата со сигурни 27-28 славеа над тимот на Вардар Јуниор

Избраниците на Матлиевски не дозволија нов кикс надвор од својот дом, иако младите вардарци одиграа одличен меч, особено во првиот дел, но немаа сили за надигрување во клучните моменти и го запишаа петтиот овосезонски пораз. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Вардар Јуниор и Пролет:

Пролет уште од самиот старт на мечот се одлепи резултатски. Позитивата на гостите се движеше меѓу три и пет гола, а на полувреме се замина со 15-18 за Пролет. 

Во вториот дел Вардар Јуниор загуби чекор, и поискусниот противник тоа го искористи на најдобар можен начин. Тимот од „Македонско сонце“ играше полетно и ефикасно и од минута во минута го зголемуваше водството, кое на крај застана на 11 гола разалика (27-38).

Поповски со 11 и Андоновски со десет гола беа најефикасни во тимот на Матлиески, а Ќосевски со седум и Карапалевски со пет погодоци се истакнаа кај Вардар Јуниор. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 10 8 2 0 336:252 84 26
2 Охрид 2013Охрид 2013 10 8 1 1 277:226 51 25
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 8 0 2 278:239 39 24
4 Пролет 62Пролет 62 10 6 2 2 302:263 39 20
5 РадовишРадовиш 10 5 0 5 303:303 0 15
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 10 5 0 5 276:300 -24 15
7 ПелистерПелистер 10 2 2 6 245:264 -19 8
8 РаботничкиРаботнички 10 1 1 8 292:341 -49 4
9 Металург 2Металург 2 10 1 1 8 284:343 -59 4
10 СтругаСтруга 10 1 1 8 228:290 -62 4