Младите ракометари со убедлива победа над Италија пред Европското првенство

Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги заврши подготовките за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Романија.

Во последниот контролен натпревар, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа Италија со убедливи 30-22, прикажувајќи сигурна и квалитетна игра.

Овој триумф претставува одлична увертира пред настапот на континенталниот шампионат, на кој младите македонски ракометари ќе се обидат да остават добар впечаток.