Младите пелистерци ја добија драмата со Куманово, Прилеп сигурен со Струга

xРакометарите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 запишаа нови победи во плеј-аутот од ракометната Суперлига на Македонија. Во рамки од осмото коло младите пелистерци беа поуспешни од Куманово, совладувајќи го во Битола со минимални 27-25.

  • Koмплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Куманово:

Во текот на сите шеесет минути се играше израмнето и борбено, водството честопати се менуваше, а на крај позадволни беа домашните ракометари кои со два врзани гола во финишот стигнаа до заслужена победа од 27-25. Најдобри поединци кај Еурофарм Пелистер 2 беа Азиз со девет гола и Митревски со шест, додека кај Куманово Ончев заврши со единаесет погодоци. 

Во Прилеп домашниот тим одново одигра на високо ниво и против Струга ја продолжи доминацијата во плеј-аутот.

  • Koмплетниот натпревар меѓу Прилеп и Струга:

„Жолтите“ од Прилеп на крај славеа со убедливи 34-24, а најзаслужни за тоа беа Кваштек со шест и Крстески со пет гола. На спротивната страна седум погодоци имаше Костоски, а Мечкароски реализира два помалку.