• Саше Љолес
Женската македонска репрезентација до 19 години го забележа вториот пораз на Европското првенство, каде овој пат загуби од соодветната селекција на Исланд со убедливи 48-26.
Нашите девојки немаа никакви шанси против силниот ривал кој уште на паузата водеше со огромни 21-7, а во второто полувреме Исланд уште повеќе ја зголеми разликата и заслужено ги освои бодовите.
Дона Тодоровска беше најдобра во нашиот состав со шест погодоци, четири постигна Михаела Кралева, а уште по три додадоа Ања Лашкоска, Леона Миленкоска и Таида Беровиќ.
Македонските репрезентативки ја завршуваат групната фаза на последното место во конкуренцијата Ј и ќе го продолжат настапот на континенталниот собир со разигрувањето за конечен пласман од 17. до 24. место.
