• Зоран Мишевски
Плени храброста и зрелоста на 19-годишниот Филип Кузмановски. Авторот на првиот наш гол на мечот со Норвешка, во почетната фаза од натпреварот играше одлично, но и ја плати цената за силните дуели со норвешките дефанзивци.
Уште во 4. минута поставен во одбрана, Кузмановски доби удар во главата од Мамелунд, по што мораше да му се укаже лекарска помош... и продолжи да игра со фластер на челото. Битолчанецот, кој до минатата година играше за кадетската и младинската репрезентација, сега целосно одговара на она што од него го бара селекторот.
Веројатно и овој удар нема да го поколеба да помогне во продолжението на мечот.