ВИДЕО: Младиот Карасманакис рано „поцрвене“ против Словенија

Македонија уште во првиот дел од мечот со Словенија од евро-квалификациите остана без единствениот изразит дефанзивец Валентин Карасманакис. 

Младиот кружен напаѓач на Алкалоид кој игра главно во дефанзива „поцрвене“ многу рано. Течеше 21. минута кога Блаж Јанц добро се проби низ одбраната, а потоа Карасманакис стартува на шутерската рака. 

Босанските браќа близнаци арбитри Амир и Дино Коњичанин по консултација му покажаа директен црвен картон на македонскиот репрезентативец.