• Горан Упале

Ракометниот клуб Куманово откако успеа да обезбеди суперлигашки статус започна со градење на ростерот за новата сезона.
Во Куманово се спрема уште посилен ракометен колектив, а меѓу првите кои го засилија тимот ова лето е младиот кружниот напаѓач Борјан Цековски, кој минатата сезона со успеси ги бранеше боите на Радовиш. Куманово и 18-годишниот Цековски потпишаа договор на две години.
Кумановцки плеј-инот во Суперлигата го завршија на второто место, последно кое што обезбедуваше директен опстанок во елитата.