Младиот Андреј Стојановски е ново засилување за суперлигашот Прилеп

Ракометниот суперлигаш Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на Пролет 62. 

Роден во 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција.

Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство во младинските селекции на Македонија, вклучувајќи го и настапот на Светското младинско првенство во Полска.

Од Прилеп се убедени дека неговата борбеност и желба за напредок ќе донесат дополнителен квалитет во екипата и ќе дадат значаен придонес во остварувањето на клупските цели.