Младиот Андреј Петковски го засили новиот суперлигаш Работнички

Довчерашниот голман на Вардар Јуниор, Андреј Петковски во новата сезона ќе настапува за екипата на Работнички. Moмчето кои ги мина сите младински екипи на Вардар, се договори со новиот суперлигаш за едногодишна соработка.

Синот на поранешниот репрезентативен голман Зоран Петковски беше и на подготовките со „црвено-црните“ во Крањска Гора, а денес е стандарден кадетски и младински репрезентативец на Македонија.

Новиот суперлигаш Работнички обезбеди учество во најсилнатга Суперлига, откако преку баражот ја совлада убедливо екипата на Прилеп.

Претходно, Работнички потпиша со Украинецот Сергеј Сулима, кој своевремено настапуваше за Мотор Запорожје и Селкаспор.