• Иван Димовски

Ракометниот колектив Прилеп се пофали со уште еден потпис за време на паузата меѓу двете сезони.
Нов член на првиот тим на Прилеп е младиот Филип Адамчески кој беше дел од младинските категории на овој клуб. Станува збор за перспективен ракометар кој настапува во бековската линија, а дејствува главно во левата страна на нападите.
Прилепчани работат активно на ростерот за новата сезона, ги задржаа Бикоски и Крстески, а тимот го засилија со босанскиот бек Јеремиќ, Тренчевски, Илиески и Христоски.