Младинките со 22 имиња тргнуваат во подготовки за СП

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави поширокиот список на ракометарки за квалификациските натпревари за Светското првенство кое оваа година ќе се игра во Унгарија.

Квалификациската група за СП ќе се игра во периодот од 23 до 25 март на Исланд, а во борба за првите две места во групата, кои водат на завршницата од Мундијалот во младинска конкуренција, Македонија ќе се натпреварува со Германија, Литванија и домаќинот Исланд.

Список на повикани ракометарки: Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Тамара Ивановска, Јована Кипријановска, Мери Арсениевска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Биљана Дамчевска, Арљинда Динарица, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Мила Алексоска, Јована Владева.