Младинците подобри од Јапонија во „генералката“ пред СП У21

Младата ракометна репрезентација на Македонија до 21 година ги заврши подготовките за Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Јапонија со убедливи 37-27 на пријателски натпревар.

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ покажаа доминација на теренот и во текот на целиот меч ја контролираа играта, прикажувајќи квалитетна тимска хемија, брзина и тактичка подготвеност.

Овој контролен дуел беше единствен пред Светското првенство кое започнува на 18 јуни во Полска. Нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Фарските Острови, Романија и Исланд.