Младинците на собир, ќе одиграат две „контролки“ со македонските кадети

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија до 20 години го одржа првиот собир во спортската сала „Расадник“ во Скопје, каде што ќе ги реализира и планираните активности во претстојниот период.

Во рамки на подготовките, избраниците на стручниот штаб ќе имаат можност да ја проверат формата преку два контролни натпревари против кадетската репрезентација на Македонија до 18 години.

Двата дуела ќе се одиграат во салата „Расадник“. Првиот на четврти ноември (среда) во 15:00 часот, а вториот два дена подоцна, во терминот од 12:00 часот. 

Овие средби треба да послужат како можност за проверка на моменталната подготвеност и дополнително воигрување на младинскиот национален состав.