• Мартин Танасковски
Македонија ќе има претставник во младинската Лига на шампиони во името на Еурофарм Пелистер од Битола. Тимот веќе е на пат кон новиот предизвик.
„Зелените“ ќе играат на турнирот во Букурешт, каде во полуфиналето се соочуваат со полски Киелце. Во второто полуфинале играат Динамо Букурешт и Висла Плок.
Натпреварите се играат во четврток, а тимот веќе замина за главниот град на Романија на дебито во елитното друштво кај младите таленти.
За повеќе информации за тимот на Еурофарм Пелистер предводен од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски, како и целиот настан, кликнете на следниот линк.