• Зоран Мишевски

Комбинираниот состав на Бутел Скопје без седуммина ракометари одигра пријателски натпревар против младинската репрезентација на Македонија, која се наметна уи го покажа својот квалитет. Избраниците на Раде Стојановиќ извојуваа победа со 35-28.
За скопскиот тим не играа повредените Николовски и Спасовски, искусниот Стојаноски, како и браќата Узунчеви, Михајловиќ и Субашевски, кои играа на спротивната страна. Во составот на Бутел Скопје се истакна Марко Каевски со десет погодоци.
Во следните два дена нашите младинци ќе спарингуваат со Вардар 1961 или Пролет 62.
Ново име е младиот Лука Ѓорѓиевски од младинската екипа на Еурофарм Пелистер, а повратници се Шулевски и Димковски. Заради потребите на сениорската репрезентација на овој собир отсутни ќе бидат Иван Галевски, Александар Петковски, Дамјан Митев и Валентин Карасманакис.
На Светското првенство во Полска, македонските млади ракометари ќе бидат во група со Исланд, Романија и Фарски Острови.