Младеновска: Ми значи МВП-награда, но повеќе ми значи титулата на ЖРК Металург

Во финале со необичен тек на настаните, ЖРК Металург не дозволи целосно враќање во натпреварот на Ѓорче Петров и извојува победа од 30-27. Со девет погодоци Ива Младеновска втор ден по ред го заслужи епитетот играч на натпреварот и ја водеше својата екипа до успехот на сезоната. 

Видно возбудена 15-годишната скопјанка се израдува и на инвидуалното и на колективното признание.

„Верував и чекував дека можам да бидам лидер и да го водам мојот тим до титулата. Ако немате големи очекувања не може да имате и големи успеси. Ми значи многу МВП наградата, но уште повеќе ми значи и титулата со Металург. Сум кажала во неколку наврати дека доколку со клубот имаме големи успеси, тие ќе се пренесат и во репрезентацијата“, рече Младеновска по финалниот натпревар. 

Иако многу млада, Младеновска се очекува да биде ударна игра на нашата сениорска репрезентација на Европското првенство оваа есен во Скопје.