Младеновска: Овој пласман значи многу за мене, Македонија е на добар пат

Македонската ракометна репрезентативка, Ива Младеновска, изрази големо задоволство од победата над Азербејџан и пласманот на Европското првенство. 

Македонија славеше убедлив триумф со резултат 22-37 и преку квалификациите избори директен пласман на континенталниот собир. 

„Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене и сметам дека е огромен успех затоа што по подолго време обезбедивме директно учество преку квалификациите.

Тоа значи дека сме на вистинскиот пат и се надевам дека на континенталниот собир ќе се прикажеме во одлично светло. Имаме доволно време да се подготвиме и се надевам дека ќе оствариме добар резултат“, изјави Младеновска. 

Нашите девојки ја комплетираа петтата квалификациска група со три победи и два порази (двапати бевме поразени од Шпанија) и како второпласирани се изборија за учество на најголемото натпреварување на стариот континент.