• Иван Димовски
Македонскиот ракомет во елитната Лига на шампионки ќе го претставува Ива Младеновска со својот клуб Борусија Дортмунд. Германскиот колектив доби „вајлд-карта“ за учество во ова натпреварување и веќе ги дозна ривалите.
Во европската елита кај дамите се игра по стариот формат со 16 екипи поделени во две групи кои беа извлечени во Виена. Среќата посака Борусија да ги добие Есбјерг, ЧСМ Букурепт, Ференцварош, Брест, Крим и . Младеновска ќе се судри со поранешниот клуб Брест Бретањ.
- Групна фаза во Лигата на шампионките:
Група А: Есбјерг, ЧСМ Букурешт, Ференцварош, Брест Бретањ, Крим, Борусија Дортмунд, Сола, Будуќност.
Група Б: Мец, Ѓер, Оденсе, Глориа Бистрица, Подравка, Сторхамар, Бломберг, Никобинг.
Веќе од следната сезона во Лигата на шампионите кај дамите е најавена промена на форматот на натпреварувањето.



