• Мартин Танасковски
Македонската ракометна репрезентативка Ива Младеновска ги запиша првите голови во Лигата на шампионите на 17 години. Во дресот на Брест Бретањ, таа играше на својата „втора“ позиција - крилната.
Во Македонија таа игра како бек, но во клубот е различно. Во улога на десно крило, Македонката доби минутажа и дојде до првите погодоци. Заврши со реализација 2/2 и ги изненади противничките.
Младеновска за вториот гол доби и аплауз од нејзиниот тренер. За младата 17-годишна ракометарка ова беа први минути во Лигата на шампионите.