• Мартин Танасковски

Екипата на ГРК Охрид има нов ракометар во тимот и потпиша договор со средниот бек Младен Крсманчиќ кој доаѓа по повредата на Ловро Јотиќ.
Српскиот интернационалец ќе биде дел од "гладијаторите" миниум следните осум месеци. Крсманчиќ има 33 години, 184цм и игра на позицијата среден бек. Има богата кариера зад себе, претходната сезона бележеше одлични настапи за екипата на РК Вардар 1961, а пред тоа настапувал за Чургу (Унгарија), Анаитасуна (Шпанија) како и за српските Југовиќ, Слога и Железничар.
„Драго ми е што станав дел од Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи", изјави Крсманчиќ.
Искусниот среден бек има и настапи за репрезентацијата на Србија за сениорскиот тим и сите младински категории. На тренерот Борис Ројевиќ на располагање му се стави веднаш.










