Митровиќ: Сакаме да ѝ се реваншираме на Бенфика!

По победата над Мелсунген, Вардар одново игра дома во Европската лига на ЕХФ, а овојпат противник е Бенфика. На стартот на главната фаза вардарци загубија во Лисабон со 40-35, па сега се желни за одмазда против португалскиот противник. 

На средбата со новинарите еден ден пред натпреварот освен тренерот Иван Чупиќ се обрати и Урош Митровиќ, кој кажа: 

„Последниот натпревар со Бенфика не мина најдобро. Не се покажавме во д0бро светло на таа средба. Поради тоа, својот квалитет ќе го докажеме утре, мора да се реваншираме бидејќи во Лисабон не успеавме да се покажеме во вистинско светло. Утре ќе дадеме сè од себе на теренот, за екипата, еден за друг и за навивачите кои ќе дојдат да не бодрат“. 

На табелата моментално Мелсунген има шест бода, а Вардар и Бенфика по четири, додека Кристијанштад е последен со два. Средбата меѓу македонскиот и португалскиот тим се игра во вторник во 20:45 часот.