Митровиќ „поцрвене“ против Монпелје: Со жесток старт го раскрваре Порт (ВИДЕО)

Вардар уште во првиот дел од четвртфиналниот реванш во Европската лига на ЕХФ против Монпејле остана без бекот Урош Митровиќ. 

Српскиот бек во еден дуел во обид да го спречи ветеранот Валентин Порт жестоко стартува на неговиот врат. Митровиќ веднаш доби црвен картон од судиите Биро и Кис, а Порт беше раскрварен и мораше да го напушти теренот. 

По исклучувањето имаше и тензија крај клупите, бидејќи Митровиќ влезе во вербална расправија со некој од таборот на Монпелје.