• Горан Упале

Репрезентативецот на Србија, Урош Митровиќ е новото засилување на Вардар 1961 за следната сезона.
Десниот бек на Тулуз се обврза на двегодишен договор со „црвено-црните“, а по официјализацијата на трансферот не го криеше задоволството што ги брани боите на двократниот европски шампион.
„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Урош Митровиќ.
Пред да замине за Франција, 20-годишниот бек една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за екипите на Врбас и на Црвенка.