Митревски: Заспаноста во одбрана и избрзаните напади ни скратија бод(ови)

Битолската публика беше сведок на уште еден квалитетен натпревар, кој за несреќа заврши во полза на гостите од Загреб. Еурофарм Работник продолжи да реди порази во СЕХА лигата и остана на четвртата позиција на табелата.

Голманот Николче Митревски на прес-конференцијата по мечот рече:

„На почетокот одигравме заспано во одбраната, а во продолжението имавме неколку избрзани напади. Тоа беше причината за денешниот пораз и неможноста да се радуваме на бод или бодови.

Сепак, квалитетно одигравме во поголемиот дел од мечот. Имаме уште два натпревари до крајот на групната фаза, па ни останува добро да се подготвиме и да се покажеме во подобро светло“.

Ова е петти пораз по ред во регионалната лига за битолчани. До крајот на првиот дел остануваат уште два меча и тоа на гостински терен кај Веспрем и Спартак Москва.