Митревски запиша девет одбрани, Констанца го доби „македонското дерби“ против ЦСМ Букурешт

Доброгеа Суд Констанца, која ја предводи Звонко Шундовски, а во тимот настапуваат Никола Митревски и Велко Марковски славеше победа во дербито од 12. коло на романскиот шампионат против ЦСМ Букурешт, каде член е Гоце Георгиевски, со 30-23 (19-16).

Тимот на Констанца заслужено го доби дерби мечот, водеше во целиот тек и по денешниот триумф се искачи на лидерското место во романскиот шампионат.

Никола Митревски беше еден од најзаслужните за денешната победа со девет одбрани, а прв стрелец во победничкиот тим беше Нестор со 6 гола. За тимот на ЦСМ Букурешт, Гоце Георгиевски постигна еден погодок, а лидер по бројот на постигнати голови беше Јонут Рамба со четири гола.