ВИДЕО: Митревски во елемент – 16-те одбрани со кои ја расплака Швајцарија!

Никола Митревски имаше блескава партија меѓу стативите на Македонија и со 16 одбрани беше најдобар поединец на теренот во победата над Швајцарија (29-28) за крај на квалификациите за ЕП 2022.

Битолчанецот имаше нов натпревар за паметење и уште еднаш покажа зошто е „единицата“ на македонската ракометна репрезентација. Одрбани вкупно 16 топки од 42 обида, тоа значи дека мечот го заврши со 38% ефикасност.

  • Сите одбрани на Митревски против Швајцарија:

Кога ќе се соберат интервенциите, Митревски скроти најмногу топки од девет метри (8/17), имаше шест интервенции од шест метри (6/18), а по една одбрана беа од крило (1/4) и од пенал (1/2).

Македонија зад себе го остави најуспешниот квалификациски циклус со пет победи и само еден пораз.