Митревски во блескава ноќ впиша 14 одбрани, Порто го изненади Флензбург

Митревски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше фантастичен учинок во дресот на Порто, во ремито против Флензбург (26-26) во рамки на ракометната Лига на шампиони.

„Змејовите“ одиграа одличен натпревар, а чуварот на мрежата имаше блескава ноќ. Впиша 14 одбрани меѓу стативите, што е одличен процент, а исто така го фати и последниот напад и обидот на Менсах Ларсен да постигне гол за победа на бундеслигашот.

Митревски фати 14/40 топки, што е 35% успешност, а најефикасни кај стрелците беа Мбенгуе со шест гола, пред Веитиа и Итуриза со пет гола. Кај Флензбург, Ајнарсон стрелаше вкупно осум пати.

  • Флензбург - Порто 26-26:

Во вториот натпревар во вечерниот термин Алборг го совлада Монпелје на гости (31-33). Одлична ноќ имаше Швеѓанецот Клар со десет гола кај победникот, додека кај францускиот тим кој влезе во криза Дескат стрелаше осум пати.

  • Монпелје - Алборг 31-33: