Митревски статистички најдобар голман по групната фаза на СЕХА лигата

Голманот на Еурофарм Работник и македонската репрезентација, Никола Митревски е најдобар чувар на мрежата по групната фаза на СЕХА лигата. На десет одиграни натпревари, битолчанецот собра 89 интервенции, една повеќе од Мацкевич од Мешков Брест.

Единствен кој се наоѓа статистички блиску до двајцата, е голманот на Металопластика, Јандриќ. 

Еурофарм Работник ќе се сретне со Нексе Нашице во осминафиналето на СЕХА лигата, а победникот од овој двомеч ќе се сретне со Вардар.