• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е во борба за играч на 15. коло во романската ракометна лига.
Екипата на Доброгеа Суд на домашен терен одигра 23-23 со ЧСМ Букурешт, а Никола Митревски меѓу стативите собра вкупно 19 интервенции. Тоа му донесе номинација за борба меѓу најдобрите, со уште шест други играчи од романскиот шампионат.
Митревски веќе еднаш беше прогласен за играч на колото, поточно во рамки на 9. коло. Тимот на Доброгеа Суд се наоѓа на петтото место во романското првенство, а својот глас за Митревски може да го дадете ОВДЕ.
Чуварот на мрежата е на списокот на Раул Гонзалез за натпреварите на Европското првенство (ЕП) кое во 2018 година ќе се игра во Хрватска. Македонија е во група заедно со Германија, Црна Гора и Словенија.