• Иван Димовски
Ракометарите на Порто ја запишаа првата сезонска победа во Лигата на шампионите со 32-23 (14-13), против Динамо Букурешт на домашен терен. Натпреварот од 11. коло на елитното натрпеварување во целост им припадна на португалските ракометари кои конечно го почувствуваа вкусот на победата.
Македонскиот репрезентативен голман Николче Митревски имаше клучна улога на мечот, бидејќи собра дванаесет интервенции.
Околу натпреврот, гостинот од Букурешт беше подобар во првото полувреме, почесто водеше и се наоѓаше во добра позиција, но пред одморот Порто направи пресврт и замина на пауза со 14-13. Во продолжението домашните го кренаа нивото на игра, поведоа убедливо и го победија ривалот со највисоката предност на натпреварот.
Седум погодоци во таборот на Порто постигнаа Турин и Кристенсен, додека Анте Кудуз и Акименко се истакнаа кај Динамо Букурешт со по шест погодоци.