Митревски со значајна улога во високата победа на Доброгеа Суд

Ракометарите на Доброгеа Суд Констанца се вратија на победничките патеки по поразот од Потаиса Турда и славеа на гостувањето кај Фагараш со убедливи 22-35, во натпревар од 22. коло во романскиот шампионат.

Македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски настапија на овој натпревар. Голманот Митревски имаше 12 интервенции, додека Маркоски беше стандарден во одбраната и заработи едно исклучување.

Доброгеа Суд се наоѓа на петтата позиција на табелата на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната и веќе го обезбеди пласманот во плеј-офот.