Митревски: Со перфектен ден, можеме да го победиме секого на СП

Никола Митревски, чуварот на мрежата на романска Доброгеа Суд, го најави настапот на Македонија на Светското првенство (СП) кое на стартот на новата година ќе се игра во Германија и Данска и вели дека пристапот мора да биде максимално претпазлив.

„Црвено-жолтите“ на мундијалскиот собир ќе влезат доста подмладени, но желбата за успех е иста. Митревски смета дека никој не смее да се потцени, ниту пак прецени, а посебно потенцира дека грешките од дуелот со Грција не смее да се повторат и да се игра далеку подобро.

„Треба да одиме натпревар по натпревар и да работиме од ден во ден. Имаме доволно време да се подготвиме за СП. Треба да извлечеме поука од болниот пораз од Грција, да ги поправиме слабостите и да се покажеме во најдобро светло. Се надевам дека ќе бидеме сите здрави и и дека нема да имаме повреди кај некои од клучните играчи како што ни се случуваше претходно. Групата е добра, не би потценил никого, не смееме предвреме да си пресметуваме бодови. Со перфектен ден можеме да добиеме секого, па и Хрватска и Шпанија, можеме да се носиме со било која селекција. Прв предизвик ќе ни биде Јапонија, сакаме да победиме со неа, а потоа ќе гледаме на следните мечеви“, вели Никола Митревски.

Натпреварите на Мундијалот нашиот национален тим ги отвора на 11 јануари, кога во Минхен се среќава со Јапонија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0