• Сашо Поповски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник.
33-годишниот голман по две години поминати во романска Доброгеа Суд ќе се врати во родната Битола. Еден ден по последниот натпревар на Филип Кузмановски, македонскиот претставник во СЕХА лигата се договори со уште еден репрезентативец.
„Фармацевтите“ ќе добијат одлична опција на голманската позиција за наредната сезона во која се изборија за историски пласман во СЕХА лигата.
Митревски кариерата ја започна во Пелистер, а потоа играше уште за Вардар, Металург, Бенфика и Доброгеа Суд.
Пред официјализација е и трансферот на Словенецот Ратајац, а клубот од Битола преговара и со Танкоски од Металург.

